СДСМ: Градиме по план, над 80 отсто од Предлог-буџетот за 2020 година во транспорт и врски наменет за капитални проекти

Предлог буџетот за 2020 година, во делот на транспорт и врски, предвидува  историски најголеми вложувања во изградба и рехабилитација на патишта и изградба на патна инфраструктура,  гасоводна мрежа и  реализација на крупни проекти во Железницата.

Со новиот предлог буџет кој е проектиран на 5 милијарди 810 милиони денари, 83 отсто од него односно 4 милијарди 819 милиони денари се расходи наменети директно за реализација на капиталните проекти.

Во споредба со 2019 година, следната 2020 година имаме зголемување за 854 милиони денари.

2,6 милијарди денари се одвојуваат за железници, 446 милиони денари за комунална инфраструктура преку Европска инвестициона банка, 248 милиони денари за водоводи, 247 милиони денари за проекти за локални патишта и 104 милиони денари за нови авиолинии.

Новиот предлог буџет е развоен и ги застапува директните потреби на стопанството и граѓаните, преку правилно распределување на граѓанските пари за  вложување во капиталните инвестиции со што ја подобруваме економијата во нашата држава.

Ова е уште еден голем показател дека државата ни е НА ПРАВ ПАТ, дека парите на граѓаните се инвестираат за нивните суштински потреби.

Додека ВМРО-ДПМНЕ инвестираа во барокни фасади и споменици, СДСМ преку  Владата која ја предводи, инвестира во нови патишта, канализации и водоводи, железници и многу други капитални инвестиции кои се од суштинско значење за развојот на нашата држава.