Прилепскиот архив со нов простор за Регионален центар за дигитализација

Прилепскиот архив доби нов, оспособен простор од 200 метри квадратни наменет за депо и ќе стане регионален центар за дигитализација.

На денешната пригодна свеченост, директорката на приелпскиот архив Елена Чагороска нагласи дека се решава децениски проблем на архивот кој е надлежен за шест општини, има 605 фонда и 9 збирки, а најстариот документ е од 1788 година.

-Оспособивме и адаптиравме нов простор од околу 200 метри квадратни, наменет за депо и за Регионален центар за дигитализација. Ќе решиме децениски проблем и ова со години е барано. Со овој простор ќе се овозможи трајно чување на архивски материјал од државни фирми, институции и од приватни фондови кои ја збогатуваат нашата збирка. Имаме 605 фонда и 9 збирки, а најстариот документ кој го поседува архивот е од 1788 година. Годинава имавме бесплатна обука за учениците од училиштата за арахивско работење. Еден колега е на шестмесечн изучување на османлискиот и на арапскиот јазик во Истанбул со што кадровски се опремува архивот. Архивот кој има и библиотека со фонд од 1000 книги, е отворена институција, се почести се истражувачите, студентите кои работат дипломски работи. Од 2015 година е отворен изложбен простор со постојана поставка на најстари документи и фотографии. Архивот од Прилеп е надлежен за шест општини: Пласница, Македонски Брод, Крушево, Долнени, Кривогаштани и за Прилеп, изјави Чагороска.

Директорот на Државниот архив Емил Крстевски најави дека со почетокот на наредната година почнува дигитализацијата на архивскиот материјал. Тој е долготраен процес, ќе се одвива фазно. Инаку, најголем интерес се пројавува за документацијата од османслискиот период.

– Приоритет на Државниот архив е да се дигитализираат сите архивски материјали и документи. Имаме документи дури од 12-иот век и тоа е приоритет за наредните години. Во првата фаза во план е дигитализацијата на околу 25 000 документи и ќе бидат подостапни за сите, као за граѓаните и истражувачите. Најмногу интерес привлекува османлискиот период. Иако се помалку има студенти на историја и на архивистика, но интересот сепак не е намален, рече Крстевски.

Со дигитализацијата, додаде, се заштитуваат документите и стануваат подостапни до граѓаните. овој простор што се отвора во одделението во Прилеп ги има сите услови да биде и регионален центар за дигитализацијата на архивскиот материјал и се надевам дека ќе гпочнеме со реализацијата наредната година.

-Државниот архив соработува со поединци и институции надвор од државата и постојано добиваме нов материјал, особено привсатна документација, значајна за нашиот идентитет, еден од столбовите на нашата историја. Дигитализацијата треба да почне во почетокот на наредната година. Тој е долготраен процес и сета документација ќе биде дигитализирана. Во првата фаза во план е дигитализацијата на околу 25.000 документи и ќе бидат подостапни за сите, као за граѓаните и истражувачите. Најмногу интерес привлекува османлискиот период. Иако се помалку има студенти на историја и на архивистика, но интересот сепак не е намален, потенцира директорот на Државниот архив.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *