Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека евентуалното постигнување договор за прашањето за името е од национален интерес на Грција и изрази уверување дека ќе ја добие потребната поддршка во Парламентот.
– Не знам дали ќе постигнеме договор, но не се сомневам дека ако дојде до тоа, ќе биде прифатен од мнозинството во Парламентот, рече Катругалос за радиото „Реал ФМ“.
Тој изрази надеж дека зад евентуалниот договор за името ќе застане и владиниот коалициски партнер Независни Грци.
Во однос на можното решение, Катругалос рече дека Атина сака да се најде „име што нема да биде извор на иредентизам и колку што е можно повеќе да прави разлика меѓу соседната земја и историската грчка Македонија, и затоа смета дека словенско име е добро решение“.