Денеска ја предводам делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која што e во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската Демократска Унија (ЦДУ). После исклучително успешниот Конгрес на Европската народна партија во Загреб, каде што ги реафирмиравме нашите ставови за апсолутна и целосна поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија и каде што добивме исклучително голема поддршка од страна на нашите сестрински партии за време на конгресот но истовремено и на самитот кој што се одржа на маргините на конгресот на Европската Народна Партија.
Продолжуваме во Лајпциг, ќе оствариме голем број средби со пратеници во германскиот Бундестаг, веќе имав неколку такви утринава со господинот Бајер, со поранешниот европратеник Дорис Пак. Разговаравме за актуелната политичка економска состојба во Македонија, го пренесов впечатокот и анализата која што практично ВМРО-ДПМНЕ ја има.
Истовремено сакам да порачам дека во полн израз доаѓа завидлизмот на Заев. Откако виде дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб. Поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии. Ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија.
Во обид да ги скријат катастрофалните скандали каде што кумашинот на Зоран Заев практично брутално го нападна коалициониот партнер ДУИ, скандалозното ослободување на притвореничката Катица Јанева, скапо платената пи-ар машинерија на СДСМ буквално од контекст се обиде да ја изврти вистината и да ги манипулира македонските граѓани.
Но како што во минатото сме кажале, вистината порано или подоцна излегува на виделина. ВМРО-ДПМНЕ победува на следните предвремени парламентарни избори, а Зоран Заев и останатата врхушка на СДСМ исплашена, во паника во страв е свесна за поразот, но истовремено е свесна и за одговорноста на погрешните политики коишто речиси три години ги води во Македонија.
Мицкоски на состанок од германски автомоблиски гиганти: Да спречиме одлив на мозоци и да зајакнеме економската соработка.
Денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата.
На тие состаноци, наша цел е на опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски.
После 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.
На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија.