Амбасадорката на САД во посета на штипскиот Универзитет

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз денеска се сретна со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев, а студентите од Економскиот и Правниот факултет имаа можност да бидат дел од нејзиното предавање.

– Остваривме средба со амбасадорката во насока на подобро нејзино запознавање на она што е и што претставува Универзитетот, каква е неговата структура, какви кадри продуцираме и од кои области на науката и образованието се застапени на Универзитетот. Таа искажа многу голема заинтересираност во поглед на тоа што и како работиме и какви се нашите идни планови за развојот, вели Боев.

Смета дека студентите имале одлична прилика да бидат дел од нејзиното предавање, но и да се информираат за можностите за студирање во САД и нивен напредок во делот на науката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *