Општинските власти, полицијата и здруженија се договорија да бидат спроведени итни мерки за справување со бездомните кучиња на терторијата на општина Гостивар.
На заеднички состанок со претставници на Полициската станица Гостивар, здружението ИГИ и претставници на општинската администрација била разгледана актуелната состојба со состојба со бездомните кучиња и донесени одлуки за итни и ригорозни мерки за намалување на проблемот.
– Во понеделник ќе се стави во функција и вториот стационар за кучиња скитници, благодарение на проектот „Дај ми засолниште за спас“, финансиран од регионалната програма на Западен Балкан, РеЛоАд. Новиот центар ќе го зголеми капацитетот на згрижување на кучиња скитници и овој повеќегодишен проблем да се стави под контрола, велат од општина Гостивар.
Одговорните од полицијата се обврзаа да спроведуваат строги контроли на сомнителни возила кои превезуваат кучиња од други општини и да покренат прекршочна постапка против сторителите.
Заеднички апел на полицијата, Општината и здружението ИГИ до граѓаните е и тие да дадат придонес и да ги пријавуваат ваквите случаи во полицијата, ЈП Комуналец и во Здружението ИГИ. При тоа потсетија дека единственото специјално возило за превезување на кучиња на територијата на општина Гостивар, има регистарски ознаки ГВ – 7743 – АД.
Во оваа прилика упатија и повик до граѓаните да вдомат кучиња кои се згрижени во стационарот и им озбебедат вистински дом.