Ал Џезира: Хојт Ји ќе го замени Џес Бејли во Македонија

Хојт Брајан Ји, американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од наредната година ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија, јави дописникот на „Ал Џезира Балканс“, повикувајќи се на извори во Стејт департментот.

Хојт Ји ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, кој беше именуван во декември 2014 година. Хојт Ји е искусен дипломат и добар познавач на Балаканот кој ја почна кариерата во деведестите години заедно со т.н. „булодожер дипломат“ Ричард Холбрук.

Испраќањето на Ји во Македонија се оценува како потврда на зголемениот ангажаман на Вашингтон на Балканот, пред се, поради обидите на Москва за наметнување на своето влијание во регионот.

Засега нема официјална потврда за назначувањето на Ји и за тоа кој ќе го замени во Стејт департментот. Како можни наследници се спомнуваат Џонатан Мур, актуелен шеф на мисијата на ОБСЕ во БиХ и поранешен директорот за централна и јужна Европа во Стејт департментот, како и Кондолиза Рајс, поранешен државен секретар и советник за национална безбедност во мандатот на двајца американски претседатели, која сега се посочува и како можен специјален пратеник на претседателот Трамп за Балканот .