По завршувањето на оваа ракометна сезона, Вардар дефинитивно останува без еден од најдобрите ракометари во одбраната, но и нападот, Илија Абутовиќ. Официјално, Абутовиќ потпиша за германскиот Рајн Некар Левен, каде што настапува Филип Талески.
Со ова листата на ракометари кои ќе ги напуштат “црвено-црните” редови постојано се зголемува. Судејќи по настаните во ЖРК Вардар, фудбалскиот клуб и машкиот ракометен клуб, “газдата” Сергеј Самсоненко и покрај најавите дека ќе остане во клубот, сепак “крева раце” од него.
Еве ја листата на ракометари кои по завршување на сезоната ќе си заминат од клубот: Арпад Штербик (Веспрем), Лука Циндриќ (Кјелце), Мијајло Марсениќ (Берлин), Раул Гонзалес (ПСЖ) и Илија Абутовиќ (Р.Н.Левен), а заминување најавуваат и Хорхе Македа и Вуко Борозан.