Македонско – руски бизнис форум

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на отворањето на Бизнис форумот помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, што ќе се одржи во хотел „Хилтон“.

На Бизнис форумот, што ќе трае денеска и утре, ќе се обратат и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.