Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО денеска во хотел „Хилтон“ ќе одржи работилница на тема „Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив економски раст”.
– Работилницата ќе овозможи непосредно запознавање на донорите за потребите на приватен сектор и кои економски политики би требало да се превземаат за да се максимизираат ефекти на сегашните и идни инвестиции, соопштија од МАТТО.
На барање на МАТТО, работилница ќе ја модерира Умут Ергезер, директор за ефикасноста на помошта и меѓународна соработка во ТЕПАВ и поранешниот в.д. директор на ЦЕФТА Секретаријатот, Брисел.