Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, придружуван од потпретседателот Кастриот Реџепи, во просториите на седиштето на Движењето БЕСА го причекаа амбасадорот на Република Полска, Војциех Тичињски.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата, особено процесите на интеграција и предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април 2020 година. Претседателот Касами го информираше амбасадорот Тичињнски за придонесот на Движењето БЕСА како опозициска партија во процесот на уставните измени како предуслов за членство на земјата во НАТО.
Движењето БЕСА ќе продолжи и понатаму да се ангажира во интересот на граѓаните инсистирајќи на неопходните реформи како предуслов за добивање датум на пристапување во Европската унија.
Двете страни се согласија да продолжат со слични средби.