Градскиот стадион во Кичево со нов лик

По целосно  реновирање на соблекувалните и останатите простории, заврши и поставување на нови пластични столчиња на градскиот стадион во Кичево на западната трибина. Столчињата се со сина – бела боја и се донација на ФФМ.

-Заврши поставувањето на новите пластични столчиња на западната трибина на градскиот стадион во Кичево, донирани од страна на ФФМ. Столчињата даваат поубав изглед, а  се подобрија и условите за следење на натпреварите. Претходно,  целосно беа реновирани соблекувалните и останатите простории на стадионот, со што овој објект се повеќе почна да наликува на современо фудбалско здание, изјави Маријан Ристески, претседател на ОФС Кичево.

Тој најави и изградба и покрив на источната трибина, со што условите за гледачите значително ќе се подобрат. – Со новиот покрив што ќе биде изграден на источната трибина,  кичевскиот стадион ќе може да организира и натпревари на помладите репрезентативни селекции, додаде Ристески .