Вчера, во рамки на бројните манифестации и настани, градоначалниците на Куманово и Нови Сад, Максим Димитриевски и Милош Вучевиќ потпишаа договор за збратимување, со кој се предвидува интензивната соработка на двата града во повеќе области, наука, образование, туризам, спорт, во реализација на програми од социјалната заштита, урбанизмот и комуналната дејност. На прославата на значајниот јубилеј присутни се повеќе делегации од збратимени градови од повеќе држави.
Во рамки на одбележувањето, викендов беа отворени две традиционални ликовни колонии „Карпино“ и повеќедецениската „Кумановски ликовни уметници“ на која се презентираа дела на дваесетина кумановски академски уметници.
Во рамки на спортските активности се организираа бројни турнири во фудбал, ватерполо, атлетска трка на градскиот плоштад.
Изминатиов викенд на плоштадот настапија повеќе локални, македонски и пејачи од земјите од соседството.