Тринаесет 30-дневни и шест домашни притвори за насилството во Парламентот

Тринаесет мерки притвор од по 30 дена и шест мерки куќен притвор изрече Кривичниот суд за вчера приведените 24 лица, кои ОЈО ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

– Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија со кои на лицата М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од Кривичниот суд.

На С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им Судот им определи мерка куќен притвор.

Против овие неправосилни решенија,наведува судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството, откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М., додека за останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот се уште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведувадување.

Пратеници кои беа приведени вчера во текот на вечерта и ноќта си змаинаа од судот и за нив се чека одговорот од Собранието на Република Македонија, поради барање на судот за одземање на пратеничкиот имунитет.