Презентација на четвртиот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

Четвртиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и анализата „Поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК“ ќе бидат презентирани денеска во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“.

Извештајот и анализата ќе ги презентираат носителите на проектот, претставници на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.