ВМРО-ДПМНЕ бара Шилегов да ги повлече предлозите за покачување на цената на водата

СДСМ и Петре Шилегов удрија по џебот на граѓаните. Доколку им помине намерата, до 2020 година односно за 2 години од сега водата во Скопје ќе поскапи цели 35%.

Овој е предлог потпишан од Петре Шилегов кој ќе го достави до советот на град Скопје и предвидува покачување на водата по повеќе основи. Оваа одлука предвидува дека во 2018 година ќе имаме покачување и на ставката за собирање и одведување на урбани и отпадни води, што ќе влијае на целокупната сметка за вода. Со оваа покачување цената на водата до 2020 година ќе скокне за повеќе од една третина од сегашната, односно на годишно ниво наместо 12, граѓаните на СДСМ ќе треба да му плаќаат 16 сметки за вода.

ВМРО-ДПМНЕ бара Петре Шилегов веднаш да ги повлече предлозите за покачување на цената на водата по сите основи. Скопјани не смеат да бидат жртва на погубните и безидејни политики на СДСМ.

Власта удира по најсиромашните. Покачувањето на водата е данок за сиромашните граѓани, кои од своите џебови ќе треба да ги финансираат партиските вработувања на СДСМ и Шилегов.

Почитувани, ова е постизборна измама. Ниту СДСМ, ниту Шилегов за време на кампањата за локалните избори не ветија покачување на цената на водата. СДСМ и Шилегов ветуваа инвестиции, подобар живот и квалитетна животна средина. Шилегов ветуваше експресно решавање на загадувањето. Ништо од ова не е случај, наместо подобар живот граѓаните ќе плаќаат повисока вода, повисока нафта и поголеми даноци.

Лицемерно е однесувањето на СДСМ. Партијата која до пред три години додека беше опозиција бараше намалување на цената на водата за 30% сега од позиција на власт ја покачува за 35%. Недозволиво е граѓаните да ги покриваат партиските вработувања на СДСМ.

Водата не смее да поскапува. Граѓаните не се должни да ги финансираат партиските вработувања на СДСМ.