Во Европскиот Парламент вчера попладне се одржа првата средба на неформалната група „Пријателите на Северна Македонија“, на иницијатива на словенечката европратеничка, Ирена Јовева, од редовите на Либералите.
– Со оваа група на пријателство сакаме да ги промовираме и негуваме односите помеѓу Европската Унија и Северна Македонија. Неодамнешната одлука на блокирачкото малцинство во Советот не треба да ги обесхрабри луѓето во Северна Македонија бидејќи тие имаат вистински пријатели во Европскиот Парламент кои сакаат да го одржат проширувањето и реформскиот пат на земјата во фокусот, порача Јовева по средбата на групата.
На состанокот присуствуваа и шефицата на македонската мисија во ЕУ, Агнеза Руси Поповска, која имаше воведен збор.
Неформалната група „Пријатели на Северна Македонија“ треба да биде форум за дискусија за европратениците кои ги поддржуваат европските аспирации на земјата.
Ирена Јовева изрази надеж дека платформата ќе и биде од помош на земјата во овие “чувствително, но важни времиња“.