СДСМ: Растат платите на сите припадници на Армијата од 3.000 до 6.000 денари, војската се модернизира по европски стандарди

Реформите во одбраната се на прав пат.

Со доаѓањето на власт СДСМ преку конкретни мерки и реформи ги подобрува условите за сите припадници на Армијата, но и за сите вработени во одбраната.

Растат платите на воениот персонал, офицерите, подофицерите и професионалните војници, така и за цивилните лица на служба во Армијата.

Во зависност од чинот платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари.

Покачувањето на платите на припадниците на Армијата е извршено етапно и изнесува 15 отсто.

Првото зголемување од 10 отсто е обезбедено од први јануари 2018.година, а второто зголемување од дополнителни 5% е обезбедено од први септември 2019.година.

Со овие зголемувања обезбедивме значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати.

СДСМ покажува што значи вистинска грижа за припадниците на Армијата и ги исправа децениските неправди и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ.