Македонско-германски форум за перспективите за проширувањето на ЕУ

Во Скопје денеска ќе се одржи третиот Македонско-германски форум на тема „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Севeрна Македонија и релациите со Европскиот парламент“.

На форумот, според организаторите, ќе се обратат Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија, и Дорис Пак, претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија и поранешна пратеничка во Европскиот парламент.

Форумот ќе го отвори амбасадорот на Германија во земјава Томас Герберих.

На настанот ќе биде презентирана анализата „Парламентарната димензија на процесот на
пристапување на Северна Mакедонија кон Европската Унија“, а ќе се говори и за внатрешните реформи во услови на неизвесност од проширувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *