Италијанскиот амбасадор Ромео во посета на Парламентот

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија Карло Ромео денеска ќе го посети законодавниот дом.

Како што информираат од собраниската прес-служба, амбасадорот Ромео ќе се сретне со претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија, Бетиан Китев.