Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електрониката ќе се извезуваат од фабриката на швајцарски „Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик.
Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери.
Сопственикот на групацијата Оливер Вице истакна дека нудат вештини за висока технологија, интересни работни места и одлични услови за работа.
– Во првата фаза на изградба компанијата се фокусира на производство и производствен инженеринг. Во следната фаза на проширување се планираат тимови за развој на нови производи составени од
Стартувале со локален тим од искусни професионалци кои во иднина ќе го проширрат со едукација на мотивирани млади инженери и кавлификувани работници.
Во првата фаза на изградба од вкупно 19 илјади метри кавдартни површина, изграден е капацитет од четири илјади метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство, а 600 метри кавдартни за развоен центар и администратевиен простор.
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев присуствуваа на отворањето, истакна дека станува збор за компанија која е синоним за квалитет и висока технологија.
– Моментите кога се собираат плодовите од посветената работа во која сте вложиле многу, се најубавите моменти. Денес имаме таков настан кога ги собираме плодовите од еден успешен заеднички потфат, рече Заев, додавајќи дека искреното пријателство и посветеноста кон високи технологии се вредностите што ги обединуваат Владата и компанијата во оваа соработка.
Според вицепремиерот Анѓушев, добро е што сега се отвораат капацитети со висока технологија за разлика од порано кога во државата имало самотрудоинтензивни капацитети. Потсети дека во изминатите две години се отворени 30-тина фабрики и 54 илјади нови работни места.
– Тоа е начинот како наместо млади луѓе, да извезуваме производи, рече Анѓушев.
„Баумер“ е една од водечките компании за изработка на сензори и сензорски решенија за автоматизација на процеси. Фабриката во Бунарџик е нивен 39-ти капацитет во 20 држави.