ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС

Поради недемократско однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС.

Република Македонија е заробена држава од страна на СДС. СДС го девалвираше правото и правната држава. Институциите веќе не работат по закон, туку по диктат на власта. Правосудните органи се под притисок, а граѓаните живеат во страв од насилието кое го спроведува власта.

Власта врши масовни притисоци, заплашувања, прераспоредувања и отпуштања од општините и локалните јавни претпријатија на вработени кои не се членови на СДС. Кривично се гонат голем број на градоначалници поради нивната политичка припадност, ова е невиден преседан во Република Македонија во последните 27 години.

Власта во политички монтирани случаи ги затвора патриотите, чиј единствен грев е што си ја сакаат државата, а подготвува закон за амнестија на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела.

Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ го изразува својот револт и нема учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *