Вонреден состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово по зголемување на аерозагадувањето

Зачестена аеросолизација, миење на улици, засилени контроли на инспекциски служби за правни субјекти, но и препораки до граѓаните, донесоа членовите на општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово на денешниот вонреден состанок, кој се одржа по зголемување на аерзагадувањето, а на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово и Министерството за внатрешни работи.

Штабот го задолжи ЈП „Чистота и Зеленило“ да врши зачестена аеросолизација, во миењето на улиците ќе се вклучи и противпожарната единица. Секторот за инспекциски надзор треба да изврши контрола кај правните субјекти кои поради вршење на својата дејност користат горилници и ќе провери дали имаат поставено соодветни филтри. Доколку немаат, ќе им наложи да извршат прочистување на оџаците и поставување на заштитни филтри, во најкраток можен рок.

– Се задолжува Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Куманово да ангажира лиценциран правен субјект за анализа на квалитет на воздухот со соодветни мерења на повеќе локации во централно градско подрачје. Се задолжуваат надлежни сектори, во координација со Министерство за животна средина и просторно планирање, да предложат дополнителни локации за поставување на нови мерни инструменти за мерење на квалитет на воздухот, се вели во соопштението на Општина Куманово.

СВР Куманово ќе треба да спроведува засилени контроли и да ги открива несовесните правни и физички лица кои ја загадуваат околината, преку фрлање на отпад надвор од местата предвидени за одлагање на смет, кои палат стрништа и друг вид на отпад, засилена контрола на моторни возила – учесници во сообраќајот како и контролирање на издувните гасови.

Од општинскиот штаб апелираат до кумановци разумно да постапуваат, да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од одпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатството на производителот, редовно чистење на оџаците.

– Општинси штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата со лошиот квалитет на воздухот и ќе превзема соодветни мерки, се наведува во соопштението на Општина Куманово.

 

One thought on “Вонреден состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово по зголемување на аерозагадувањето

  1. Great article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *