БУФОН ЌЕ ИГРА УШТЕ

Иако по неуспехот на Италијанската репрезентација во квалификациите за СП 2018 година најави дека ќе замине во фудбалска пензија, легендарниот италијански голма го смени мислењето. Имено Џанлуиџи Буфон, одлучи да игра уште една сезона, бидејќи според неговите зборови се чувствува одлично, а формата му е како пред седум-осум години.

-Се чувствувам одлично и нема да дозволам некој да помисли дека во Јувентус ме пуштаат да бранам само од сожалување. Точно е, имав неколку голмански грешки во минатиот период, но исто така на повеќето натпревари бранев во врвна форма. Ќе видиме, наскоро треба да седнам очи во очи со Ањели, па ако клубот одлучи да останам, ќе останам да бранам уште една сезона-изјави Буфон.