Пехчево прва општина со сертификат по PEFC стандарди за шумско стопанската единица „Малешевски Планини“

Општина Пехчево е првата општина со сертификат по PEFC стандарди за шумско стопанската единица „Малешевски Планини”.

На работниот состанок денеска претставници од П.Ш.С. „Равна Река” и градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски разговараа на актуелни теми поврзани со шумарството, со приортитет на пилот проектот за сертификација на шумите по PFC стандард, што првпат ќе се спроведе на територијата на државава.

– Јавното претпријатие „Македонски шуми“ влегува во пилот-проект за примена на една од шемите за сертификација на шумите во Европа и светот PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification), систем за сертификација на шумите со кои стопанисуваат во РС Македонија. Се работи за систем изготвен по претходно направени анализи преку следење на начинот на сертификација на шумите во опкружувањето и пошироко. Една од основните придобивки од овој систем е тоа што строгите правила на PEFC и проверката на терен која ја изведува независен орган и националниот контекст, е одразен во националниот стандард за одржливо стопансиување со шумите (ОСШ), со што се дава сигурност за одржување на еколошките, социјални и економски функции на шумите, истакнаа од ПШС „Равна Река“.

Оваа сертификација на територија на Ш.С.Е (шумско стопанската единица ) „Малешевски Планини”, ќе биде опфатена на површина од околу 5.000 ха, а реализацијата на проектот, како што додадоа, ќе опфати неколку активности.

– Активностите на територијата на Општина Пехчево предвидуваат подготовка на внатрешни протоколи за управување во сертифицирано шумско подрачје, набавка на заштитна опрема за теренските работници, обука на стручниот кадар и теренските работници за примена на одржливи шумски практики. Исто така предвидена е и адаптација на стопанисувањето на шумите, според барањата на националниот стандард за ОСШ кој е донесен во согласност со меѓународниот стандард на PEFC, додадоа од ПШС „Равна Река“.

Општина Пехчево e прва општина со сертификат по PFC стандарди за шумско стопанската единица „Малешевски Планини“, со што станува дел од најголемата глобална сертификациска шема според која се сертифицирани преку 300 милиони хектари шума ширум светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *