Фестивал на оризот во Чешиново

По повод завршувањето на жетвените активности од овогодишната реколта денеска во селото Чешиново се одржа првиот Фестивал на оризот чиј организатор е здружението за одржливо производство на ориз „Оризова братимка“ во општина Чешиново-Облешево.

Целта на манифестацијата е да се даде посебно внимание на традиционалното производствомна главнсата земјоделска култура преку примена на одржливи практики, кои придонесуваат природните еко системи и нивниот биoдиверзитет во кочанскиот регион да бидат сочувани и одржливо управувани и користени.

– Нашето здружение се залага за промоција и што поголема употреба на оризот на македонската трпеза како здрава храна, а истовремено кочанските сорти да го претставиме многу пошироко и да им го вратиме обележјето за квалитет што отсекогаш го имале. Сакаме да ги вратиме некогашните пазари на овој дел од Европа, тие да го добијат автентичниот македонски ориз, традиционално произведен како што тоа го знаат само нашите земјоделци. Токму затоа овде се присутни и неколкумина амбасадори и претставници на странски држави, што с енадеваме ќе помогне во остварувањето на нашата идеја. Го одбравме токму селото Чешиново што е лоцирано во срцето на брегалничкиот регион, кој е карактеристичен по својот богат биодиверзитет, култура и долга традиција на одгледување на ори, а оваа манифестација ќе продолжи и во наредните години, истакна Јорданчо Лефков од здружението „Оризова братимка“.

Во рамки на Фестивалот гостите имаа можност да ги пробаат традиционалните специјалитети од ориз, да го видат најголемото штрково гнездо во Европа со висина од 3,2 метри, а поради најголемата популација на штркови во државата, општината Чешиново-Облешево е дел од мрежата „Европско село на штркот”. За посетителите беше приредена и културно-забавна програма со настап на фолклорни амсамбли од регионот.

Манифестацијата е дел од активностире на здружението „Оризова братимка“ – кое е поддржано од Програмата за зачувување на природата во Македонија, како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координирана од „Фармахем“ – Скопје.

 

One thought on “Фестивал на оризот во Чешиново

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *