ЈП „Чистота и Зеленило“ од Куманово изврши аеросолизација за намалување на аерозагадувањето во градот. Општинскиот штаб за заштита и спасување во соработка со надлежните служби му наложија на претпријатието да изврши аеросолизација кво централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честичките е највисока.
-Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Општина Куманово и дава брзи резултати за намалување на загадувањето на воздухот во градот, кое во изминативе неколку денови беше неколку пати повисоко во однос на дозволените гранични вредности, наведуваат од општина Куманово.
Одделението за животна средина од Општина Куманово соработува со Министерството за животна средина кое пак е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух во Република Северна Македонија, континуирано ги следи промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.
-Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската Болница, непосредно до котелот за затоплување . Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички. Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки. Проектната документација за изградба на траса до болницата со цел гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе. Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој круцијален проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас, наведауваат од општина Куманово.