Стручни медицински лица, социјални и здравствени работници, директори и претставници на основните училишта, градинките и на граѓанскиот сектор присуствуваа на состанокот што денеска го иницираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, а на кој се координараа активностите за спречување на ширењето на епидемијата од жолтица во општината.
Од Центарот за јавно здравје информираа дека досега се евидентирани 32 лица заболени од хепатит од типот А, од кои најголем дел се во роднински врски. Изворот на заразата е од улицата „Стамен Манов“ во Кочани, на која има социјално загрозени граѓани, кај кои при посетата од надлежни институции е регистриран висок степен на нехигиена во живеалиштата.
-Побаравме масовно вклучување за подигање на јавната свест за одржување на хигиената на сите нивоа. Училиштата и градинките ќе ја зајакнат контролата на личната хигиена, а Општина Кочани ќе обезбеди хигиенски пакети за семејствата од социјално ранливите групи. По препорака на здравствените служби, ќе се прави позасилена дезинфекција во училниците и ќе им се ограничи движењето на надворешните лица во објектите на градинките. Беше заклучено граѓанските организации да се вклучат со засилена едукација и да се организираат родителски средби на кои ќе се разговара за подобрување на хигиенските мерки во семејни услови, истакна градоначалникот Илијев.
Во наредниот период општинските комунални служби и КЈП „Водовод“ уште поинтензивно ќе работат на инспекција и отстранување на дивите депонии кои експресно се обновуваат во одредени делови од градот.
Fantastic perspective! The points you made are thought-provoking. For more information, I found this resource useful: FIND OUT MORE. What do others think about this?