Ново игралиште со опрема наменета за деца и лица со попреченост денеска доби истурениот објект од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава следат 55 деца со попреченост.
Игралиштето е опремено со реквизити за реакрација и за вежбање, а ќе го користат учениците. Поставувањето на урбаната опрема е дел од проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ од Фондацијата „Чекор по чекор“, кој во Куманово го спроведуваат две организации „Порака Наша“ и „Инклузива“.
Бранка Џајковска од проектот рече дека единствено во Куманово грантовите се доделени на две организации кои заеднички го реализираа проектот, во партнерство со општината.
– Општината даде поддршка од аспект на техничка документација заедно со училиштето „Браќа Миладиновци“. Посебно треба да обрнеме внимание во делот на воспитно-образованиот процес за сите наши ученици, особено и за оваа ктегорија ученици, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Благица Димитровска од „Инклузива“ рече дека игралиштето е пример од процесот на инклузија во кој се вклучуваат, општините, институциите, училиштата, граѓанските организации.
– Овој проект е пример кој покажува како треба да се работи заедно за да придонесеме во инклузијата на локално ниво, рече Димитрoвска.
Таа посочи дека непристапноста ги оневозможува учениците со попреченост да учествуваат во рекреативни активности и додаде дека инклузијата е процес кој е законски, но и согласно конвенцијата за инклузија.
Силвана Боризовски од „Порака Наша“ рече дека ова е одличен избор за поставување на опремата, бидејќи ќе ја користат и помладите и повозрасните лица со попреченост.
Игралиштето се наоѓа во училишниот двор во еден од најстарите училишни објекти во Куманово.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?