СДСМ: НАТО е реалност, стануваме 30-та членка, сработивме, тоа е прав пат

По ратификувањето на протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД, нашата држава е де факто 30та членка на Алијансата.

25 земји членки го ратификуваа протоколот за пристапување, тоа е доказ дека реформите се препознаени, тоа е доказ дека државата со СДСМ е на прав пат.

НАТО не значи само безбедност и сигурност, НАТО значи нов раст на економијата која ја наследивме со минус 1.8 отсто, а сега имаме раст од 4.1 отсто, НАТО значи нови инвестиции, нови работни места, нов стимул дека сме на прав пат.

За разлика од периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата татковина е сега е на прав пат.

Цели 11 години државата беше игнорирана и изолирана, денес сме на пат кој води кон интеграција во најмоќните меѓународни сојузи.