Овчарите ќе добијат дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, одлучи Владата на последната седница.
Дополнителната субвенција, како што соопшти Министерството за земјоделство, се носи поради проблемите со висината на цената на јагнето што ја имаат одгледувачите.
-За да се намалат загубите на одгледувачите на овци одлучивме да воведеме нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства, одгледувачи на овци и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година, информира Министерството.