Проект за проценка на ризик од корупција во постапките за вработување

Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе го промовираат проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, а ќе опфати анализа на политичката, правната и институционалната рамка на вработувањата во јавниот сектор, како и на ризиците од корупција при спроведување на политиките и процедурите за вработување.

Најавено е обраќање на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, на Софка Пејовска-Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција и на Слаѓана тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл.