ПОПГМ ја поддржува воведување државна социјална пензија

Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), поаѓајќи од својатата програма и планираните мерки за реформи во пензиските политики,  дава силна подршка и се придружува на иницијативата на Премиерот Заев и Владата за отпочнување на активности за воведување на ДРЖАВНА СОЦИЈАЛНА ПЕНЗИЈА во Република Македонија. Ваквата реформска мерка, која има за цел помагање на социјално најзагрозените граѓани од „третото доба“, ќе овозможи основна и егзистенцијална сигурност за значаен број од нив.

ПОПГМ ја поддржува Владата и во имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ со кој,  со давање на наменски бенефиции за студентите, се создадат претпоставки за подобрување на условите за студирање и финансиско олеснување за  буџетите на нивните семејства.