Мицкоски: Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше

Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека сега следуваат предвремени избори, по кои, како што рече, ќе следи обнова на Македонија и бескомпромисна работа со цел „Македонија да ја ставиме на брза лента“.

Мицкоски истакна дека сега имаме нова реалноста и од 3 јануари 2020 година ќе имаме нова влада, но додаде дека засега не станало збор за кадровски решенија во овој кабинет.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека на средбата имале плодна и квалитетна дебата, и заклучиле дека сите лидери остануваат посветени на европската интеграција и членство во НАТО, бидејќи како што рече „нема друга алтернатива за Република Македонија“.