Крводарителска акција во СВР Куманово

Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на редовната крводарителска акција која се одржа во просториите на кумановската полиција. До крајот на акцијата, припадниците на СВР Куманово даруваа 52 крвни единици.

Акцијата ја организира куманвоската полиција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и општинската организација на Црвениот Крст. Припадниците на полицијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост, истакнаа организаторите.

Крводарителската акција во СВР Куманово  е успешна. Како и секогаш апелираме до сите да даруваат крв и да спасат нечиј живот, изјави доктор Дритон Биљали од службата за трансфуциона медицина од Куманово.

СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно,  во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.