Алтернатива: Очекуваме датум за преговори од Брисел

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, се сретна со новиот заменик амбасадор на Мисијата на ЕУ во Скопје, г Јулиан Васало.

Претседателот Гаши му посака добредојде на г. Васало, изразувајќи подготвеност за соработка во  интеграциониот процес на Северна Македонија.

Тема на средбата секако беше и клучниот момент на одредување на датум за започнување на преговорите на Р. Северна Македонија со Европската унија, при што Гаши истакна дека за нашата држава тоа е важен показател не само за интеграцијата на земјата во ЕУ, туку и признание кон сите реформи и целиот процес низ кој помина државата во овие 3 години.

Г. Васало, од своја страна, изрази надеж  дека одлуката од Брисел сигурно ќе ги има во предвид и заложбите на Северна Македонија и очекувањата на своите граѓани, без да ја занемари и моменталните потреби и состојби во ЕУ.