Во Крива Паланка промовирана книгата „Говор на телото“

Човековите вредности, способноста за разбирање на туѓите чувства, универзалната вредност на пружање љубов на другите и сочувство со туѓата болка беа само дел од темите за кои говореше проф. др. Зендел Абедин Шехи, експерт за говор на тело и комуникација на промоцијата на неговата книга „Говор на телото“.

Настанот се одржа во големата сала на Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка, а книгата која е прва од овој вид на македонски јазике, е преведена и на англиски, германски и албански јазик.

– Човековите чувства ги имаме сите ние, седум милијарди луѓе на планетата, меѓутоа при развивањето на технологијата, почнавме да ги подвабораваме некако, со изговори дека сме премногу зафатени и така, често и несвесно, ги забораваме и луѓето кои најмногу ни значат во нашиот живот. Препознавањето на тоа несвесното, невербалното, и препознавањето на чувствата на луѓето се вика говор на телото како наука и уметност, кои с епотрудив скромно да ги опишам во книгата, навигациски водич за невербална комуникација со која се трудиме да им посочиме и да ги потсетиме луѓето околу нас и самите себеси , како да бидеме подобри утре од денеска, истакна авторот.

Книгата говори за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото, универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас. Книгата говори и за разбирање на туѓите гестови, како и за убавината и убавиот збор на куртоазивноста и емпатијата.

– Најголем проблем кај нас е селективното слушање, кое е основа на погрешното разбирање, од каде пак произлегува и повредата на туѓите чувства и влошување на комуникацијата. Секогаш имаме шанса да се покаеме и промениме, да им простиме на луѓето кои ни значат, а така ќе сме секогаш подобри луѓе, посочи Абедин-Шехи.