Завршен настан за проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ (ФАДН) ќе се одржи денеска во Скопје.
На настанот е најавено обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
Во јули годинава почна кампањата за мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН) во текот на која се одржаа информативни денови во шест регионални центри на Агенцијата за поттикнување развој на земјоделството.
ФАДН е единствена база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава. Целта на проектот е да обезбеди прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, следење на трендовите и промени во аграрниот сектор. Ваквите податоци се важни за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите, одредени промени во земјоделскиот сектор во насока на поголеми приходи на земјоделските стопанства, од што придобивка треба да имаат земјоделците.