Со пиетет, емоции и по вторпат, со црвени рози, крушевчани, и млади и стари, ги пречекаа деветте маратонци кои 12 години го врват патот на спомените – од Нова Градишка, Хрватска каде во сообраќајна несреќа Тоше го загуби животот, па до неговото вечно почивалиште на Гумење. На патот до Гумење низ Крушево застанаа кај родната куќа на Тоше потсетувајќи дека пак се тука и никогаш нема да отстапат од намерата за чест за Тоше. Маратонците со песната од Тоше „Тајно моја“ на Гумење ги пречекаа и учениците од крушевското средно училиште „Наум Наумоски Борче“.
Наум Фабричевски кој ги предводи маратонците рече дека ништо не може да ги запре во намерата да му оддадат почит на големиот Тоше, на македонската и блаканската поп-икона. Па ниту тешките услови по патот.
-И оваа година, на 16 октомври, по 12-ти пат, го истрчавме ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево во чест на нашата најголема, македонска и балканска поп-икона, Тоше Проески. Девет од 10-те спортисти успеавме да се избориме со асфалтот, да го победиме и да го совладаме со една цел – за Тоше. Инаку, еден маратонец откажа во Скопје, до последно не се откажуваше, но не можеше. Имавме и повреди по пат, ама никој не се откажа. Само за Тоше. Тоше беше ѕвезда на земјата, сега е ѕвезда на небото и заотоа ние ќе се трудиме, колку што можеме, да ги зачуваме и да ги продолжиме неговиот лик и дело. Се трчаше штафетно, на некои делници се трчаше по 5 километри, на некои по 7 километри, Плетвар го трчавме по 3 километри, зашто мораше да се издржи токму во таа, завршна фаза. Многу беше тешко, но во нашите мисли беше Тоше со негов
Маратонците сакаат да нагласат дека и на балканските простори, особено во Хрватска не стивнува споменот за Тоше.
– Сето што го слушнавме во Хрватска колку Тоше остана популарен, иако не е пшрисутен меѓу нас. Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, 12 години го поддржува овој настан. А втора година одиме во загреб на барање на мајката на Дражен петровиќ, големиот кошаркар кој исто, загина во сообраќајна несреќа на 28 години и го посетуваме неговиот меморијален центар. Мајката на Дражен Петровиќ го споредува со Тоше кој имаше 26 години, а беше на чекор до светската слава. Тоа го кажуваат луѓето од Англија со кои соработуваше, рече со емозии Фабричевски.
Маратонот почна од Нова Градишка на 14 октомври во 15.30 часот. Низ Хрватска маратонците трчаа околу 220 километри, Србија повторно не ја трчаа, велат, од сѐ уште непознати причини, продолжија од граничниот премин Табановце на 15 октомври околу 14 часот. се трчаше непрекинато до Гумење.
Веќе втора година на маратонците им се придружуваат четворица велосипедисти од Кавадарци кои сакаат да воспостават традиција во чест на Тоше Проески.
-Возиме велосипеди ние четворицата втора година по ред во чест на големиот Тоше Проески. Ја извозивме комплетната тура од Нова Градишка до Крушево во должина од околу 980 километри. Шта да киажеме, а што не е досега речено? Емоциите се до небото.Многу е убаво чивството кога ќе се влезе некаде и се слуша музиката на Тоше, истакнати се неговите фотографии. Шест дена возевме по 150 километри, годинава времето не ни беше многу наколонето. Возевме и на температур аод 3 степени, но кога се има желба и мотивација, а мотивацијата беше многу голема, тогаш сѐ се може, вели Драган Јованов, велосипедист од Кавадарци.
Крушевчани со емоции зборуваат за својот Тоше. -Прерано замина нашиот Тоше. голема загуба, зашто беше голема ѕвезда и ќе беше уште поголема. Не остави да тагуваме, без него е пусто, вели гоца Божиноска од Крушево.
Уредувањето на гробното место на Тоше Проески на Гумење и изградбата на спомен-обележјето, ќе почнат напролет. Избран е изведувачот, а буџетот за таа намена е близу 10 милиони денари, нагласува крушевскиот градоначалник Томе Христоски.
– Тоа е чувствително прашање за нас како општина и за сите што го посетувата гробното место на Тоше. Во координација со централната власт се договоривме изградбата на достојното спомен обележје и уредувањето на гробното место на Тоше да почне напролет, зашто временските прилике не дозволуваат, а има и многу посетители. Крушево е планинско место, времето рано се променува. Сега ќе започнат подготвителните работи за напроилет да се гради. Избрана е фирмата- изведувач со која е потпишан договор, тоа е „Енергоинвест“ од Скопје, а вкупниот буџет е 9. 546 200 денари, рече Христоски.
Според Елена Мирчевска, директор на спомен-куќата на Тоше на Гумење, ова место досега имало над 650 000 посетители, од кои 30 проценти странски. И денеска ги има од сите страни. Најавува неколку проекти до крајот на годинава.
-Имаме бројни инвестициски, музичко сценски и други проекти. Најново е што кон крајот на овој месец патуваме за Романија каде ќе го претставиме нашиот музеј и со нашата збирка ќе ги доловиме патот и делото на Тоше Проески. Ќе имаме работилница, концерт со преработка на песните на Тоше, едукативни работилници. Ќе почнеме караван на незаборавот. Ќе ги посетиме основните училишта во Македонија за да ги запознаеме ученицеите со ликот и делото на Тоше како и за промоција на Споимен-куќата. На крјаот на годинава ќе имаме и хуманитарен настан, рече Мирчевска.
Бројните обожуватели на Тоше Проески цел ден го посетуваа неговото вечно почивалиште.