Бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев денеска ја презеде должноста командант на Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна од досегашниот командант полковник Љубенчо Петровски.
Хаџи Јанев од мај минатата година беше на должноста командант на Полкот за специјални операции, а го презема командувањето при КОД со указ од претседателот од 10 месецов.
Тој на свеченоста во Војничкиот клуб истакна дека му претставува огромна чест и задоволство да застане на чело на КОД која е една од клучните структури на воената формација која треба да биде таа која што ја испорачува командата на операции на армијата. -Согласно со тоа и мојата визија со раководењето на оваа единица ќе се насочи кон три насоки: да го задржиме сето она што е досега постигнато, да дадеме придонес во подготвување на процесот на трансформација и како треба да се развива Командата за обука и доктрини и да посветам иновативност во деловите каде што недостасува, рече новиот командант на КОД.
Воедно, најави, ќе ја зголемиме будноста и ќе дадеме повеќе работа во Центарот за обука со питомци.В о делот на иновативноста на Центарот за симулации, ќе се обидеме да се поврземе со Неапол програмата наука за мир и ќе донесуваме паметни одлуки за да успееме да ги искористиме тие фондови, тоа што НАТО вистински го нуди, а не само членство, потенцираше бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев.