Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, на прес-конференција во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“ ги претстави злоупотребите направени за време на мандатот на неговиот претходник во областа на образованието во општина Гостивар.
– Во речиси сите училишта констатирано е дека не се работело според сметководствени правила и има злоупотреби на буџетите. Во средното техничко училиште, по ланската ревизија имало има злоупотреба на буџетот, со оглед дека има трошок од 400 илјади денари без извештај кому се исплатени тие пари. Во средното медицинско наставник кој предавал информатика, бил несоодветен бидејќи завршил бизнис економија. Ова лице било ангажирано четири часа за ИТ поддршка, четири часа за екстерно тестирање, три часа за фотокопирање и замислете два часа за Фејсбук. Друг случај во средното медицинско, каде практична настава држел наставник со завршена био-хемија. Во основното училиште во Чајле биле потрошени 600 евра за нафта за косилка за трева. Висок ниво на непотизам има и во училиштето во селото Србиново, бидејќи на раководните места се членови на едно семејство, рече Таравари на прес конференцијата.
Тој, наведе повеќе случаи на нецелосно спроведување на Законот за сметководство и буџетски корисници, што го потврдиле внатрешните ревизии во јавните училишта во Гостивар. Во ОУ „Лирија“ од с. Вруток, имало екстремно високи сметки за службени мобилни телефони. Додека за периодот 06.11.2016-16.11.2017 од страна на инспекторатот, едно училиште било оценето со оценка 2.25. а раководството не понело одговорност.
Во врска со протестите на отпуштени наставници кои работеле со договори, Таравари тврди дека само на дваесетина проценти од вкупно вработените со договри на дело им се раскинати договорите и тоа, како што вели заради некомптентентност.
– Од вкупно 147 лица кои работеле во училиштата во општината со договор на дело, 118 се останати на работа и им се продолжени договрите, додека на само на 29 им се прекинати договорите заради несоодветност, подвлече Таравари, нагласувајќи дека претходното општинско раководство, во истиот период во 2013 година е одговорно за отказите од 166 вработени, најголем дел со решенија и договори.