Министерката за правда Рената Дескоска денеска учествува на конференција за министри за правда на земјите членки на Советот на Европа во Стразбур, која е во организација на француското претседателство со оваа паневропска организација.
Како што соопшти Министерството за правда, учесниците на конференцијата ќе дебатираат за „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“. На првата сесија ќе се дискутира за „Пристапот до законот и правдата во дигиталната ера“, додека пак на втората сесија за „Влијанието на дигиталната технологија на кривичната правда“.
За време на посетата на Стразбур, министерката Дескоска ќе оствари и билатерална средба со финската министерка за правда Ана-Маја Хенриксон.