Во велешка градинка отворен Сензорен двор-градина

Во објектот „Маргаритки“ во Дворови кој е во склоп на ОЈУ за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ во  Велес денеска беше отворен Сензорен двор-градина со повеќе најразлични реквизите каде преку игра односно   најразлични активности кај децата ќе се стимулира сензорниот и моторен развој.

Сензорниот двор-градина беше изработен за два месеци со ангажирање на воспитувачките и вработените во градинката  и финансискa поддршка на Општина Велес и некои велешки компании. Отворањето на вакво сензорно катче во велешка градинка е во рамките на одбележување на големио јубилеј 60 години од отворање на првата градинка во Велес, токму во овој објект во Дворови.

Директорката Ефтимија Карбева Лукарова информира дека сензорниот двор – градина станува место во кое децата од градинка ќе стекнат бројни сетилни искуства и преку најразлични активности ќе се стимулира нивниот сензорен и моторен развој.

Таа појасни дека Општинската јавна установа за деца  Детска градинка „Димче Мирчев“ следејќи го современите текови во предучилишното образование и имајќи го во предвид важноста на раниот детски развој направиле комплетно реновирање и уредување на овој двор кој постои 60 години.

-Сензорниот двор-градина постанува едно пријатно катче каде децата ќе имаат бројни сетилни искуства: на таблите за цртање, песочните патеката за одење, на разбојот, на импровизираните звучни инструменти, патеката за искачување во висина. Така тие ќе можат да ги подобруваат своите вештини се со цел да стекнат подобар психомоторен и социо-емоционален развој, потенцира Карбева Лукаровска.

Таа додаде дека кога се има ентузијазам и визија ништо не е невозможно и може да се реализира.

Појасни дека тимот на оваа градинка  за  сама два месеци со напорна работа  и голема љубов кон децата,  го самите  го создадоа  ова пријатно катче за најмладите.децата.