Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на Политичкото Собрание на ЕНП

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на 14 и 15 октомври ќе присуствува на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија.

Во текот на Собранието ќе се разгледаат повеќе клучни прашања и тоа: подготовка за престојниот Конгрес во Загреб каде ќе се избира нов Претседател на ЕНП, статутарни промени во ЕНП, како и усвојување на заеднички буџет.

Во текот на Собранието се очекува да се отворат актуелни прашања од значење за Европската Унија како што се Брегзит, потребите од внатрешна реформа, и секако статусот на проширувањето.

Покрај редовните средби со претставниците на сестринските партии во Политичкото Собрание, Муцунски ќе оствари средби и со повеќе Европарламентарци како и претставници на Европската Комисија.