Филмот „Медена земја“ победник на Тетовскиот интернаcионален филмси фестивал „ОДА“

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беше прогласен за најдобар филм на осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“. Наградата ја подигнаа снимателите на филмот Фејми Даут и Самир Љума.

– Драго ми е што со филмот се прикажа тука во Тетово, каде беа моите филмски почетоци во драмското студио. Штета што и Атиџе од филмот не беше тука да ја сподели радоста за наградата, рече Љума, кој е роден и живеел во Тетово.

Даут истакна дека драго му е што наградата доаѓа од фестивал од државава.

– Видовме прекрасни реакции од публика што дава впечаток колку длабоко продре филмот во вас, рече Даут.

Жирито на Фестивалот наградата за најдобро сценарио му ја додели на Стефан Командарев и Симеон Венциславов од Бугарија за филмот „Рунди“. За најдобри актери беа прогласени Куштрим Хоџа (филмот „Студен ноември“) и Адриана Матоши („Куќата на агата“), како и победниците по категории.

На овогодинешното осмо издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ што почна на 7 октомври беа прикажани 105 филмови од 23 земји.