Шаленберг: Австрија поддржува отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во официјална посета на Тирана изјави дека неговата земја го подржува отпочнувањето преговори на Северна  Македонија и на Албанија со ЕУ.

-Позицијата на Австрија е многу јасна, сакаме да се запали зелено светло за преговорите со Албанија и Северна Македонија, рече тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, Гент Цакај, овластен мнистер за Европа и надворешни работи.

Кога станува збор за Албанија Шаленберг додаде дека албанските азиланти и понатаму се проблем за Франција, што е „повторлива карактеристика во разговорите со француските колеги“

Цакај, истакна дека „Албанија ги исполни сите услови за почеток на прстапните преговорите“, посочувајќи дека Владата „интензивно се ангажира да обезбеди гласови за“.

-Не се плашам од гласовите против, туку сум посветен да обезбедам гласови за, рече Цакај.