Со полагање цвеќе пред споменикот на паднатите борци од народноослободителната борба, пред општинската зграда, денеска во Крива Паланка отпочна чествувањето на 75 години од ослободување на градот.
Цвеќе на спомен-бистата положија делегација од општината, предводена од градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, делегација од општинскиот Совет, од министерството за локална самоуправа предводена од министерот Горан Милевски, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој предводена од директорот, Николче Бабовски, од Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот Кристијан Тимоние, делегации од збратимените општини: Перечин, Украина и градоначалникот Иван Погорељух, Млава, Полска и градоначалникот Славомир Ковачевски, Жупања, Хрватска, градоначалникот Давор Миличевиќ, претставници од збратимените Самбервил, Белгија, Вршац, Србија, од политички партии, министерството за внатрешни работи, јавни институции, здружение на борци, бројни граѓани.
Во чест на празникот на градот во текот на денот свечено ќе биде пуштена во употреба и пешачко-рекреативната патека во должина од 868 метри која се наоѓа на месноста стара вада во Крива Паланка, во урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот, а ќе се одржи и свечена академија на која ќе бидат доделени осмооктомвриските награди и признанија.