Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите е Извештајот за извршениот надзор во Агенцијата за национална безбедност.
Законодавно-правната комисија и Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледаат предлог законите за изменување на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, како и на Законот за основање на државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, двата по скратена постапка во второ читање.