ДИЈАМАНТИТЕ ЗА ЕВРЕИТЕ ЗНАЧАТ ЖИВОТ

 

Денес, државата Израел е распространета на бреговите на Средоземното Море, со вкупен простор од 20.700 квадратни километри. Израелската територија ја сочину­ва­ат Есдарелонската, Шафелската и Шаронската Рамница, со обработени тесни делови на пе­сочните дини. Таму се протегаат планинските области и висорамнините Јудеја, Сама­ри­ја и Галилеја, како и пустината Негев

Долината на реката Јордан, која поми­ну­ва низ Галилејското Езеро и се влива во Мртвото Море и реката Кишон, која спаѓа во Сре­доземното сливно подрачје. Се чини просторот долж Средоземното Море е темел­ник на новата израелска држава, која сјае како сонце на сите страни каде што се расе­ли­ле Евреите во својата земја и во дијаспората. Таму се наоѓаат најголемите и најзна­чај­ните центри Јафа и Тел Авив, каде отпочнал новиот живот на Евреите во својата са­мо­стојна еврејска силна држава.

Местото каде ја допревме Светата земја – Израел беше најголемиот и најзначај­ни­от, како за цивилен така и за воен транспорт, аеродром „Бен Гурион“ во Тел Авив. Тој е најголемиот град во Израел, кој во последно време, од причини што во централ­но­то подрачје живеат претежно млади брачни парови, а повозрасните се селат во предградието, е наречен град на младоста. Според податоците што ги добивме од до­ма­ќините, само во градското подрачје на Тел Авив живеат околу 1.000.000 жители, а за­едно со предградијата, тој има повеќе од 1.500.000 жители.

Тел Авив е подигнат на просторот до ста­риот град Јафа. За него се вели дека е град на амбасади, конзулати, на разни други дип­ломатски претставништва и канцеларии, на  бизнис центри, на научни институции и на голем број луксузни хотели изградени по должината на Средоземното Море и на мно­­гу други важни установи.

Умните Евреи се досетиле да направат камени брани во мо­рето кои придонесуваат да се таложи ситен кристален и убав песок на брегот, каде е изградена патека за џогирање и огромни плажи за туристите. Сето тоа наликува на пла­жа­та Копакабана во Рио де Жанеиро.

102

Тел Авив

Еврејската дијаспора е тесно поврзана со судбината на градот Тел Авив. Тој е фор­миран од група еврејски емигранти во предградието на Јафа во 1909 година. Нова­та населба во почетокот ја нарекле „Ахуза Беит“ („Ahuza Beit“), а подоцна тој нов град го добил името Тел Авив, што значи „Рид на пролетта“. Бројот на населението во новиот град започнал ра­пидно да се зголемува во првата половина од минатиот век.

Така, Тел Авив стана еден од значајните центри и важен општествен, културно – просветен и политички цен­тар на Израел. Тоа се потврди кога таму на 14 мај 1948 година беа удрени темелите на не­зависната држава Израел, и тоа во куќата на Меир Дизенгоф (Meir Dizengoff).

Тел Авив не е граден по некој одреден урбанистички план, затоа во него се среќаваат раз­лич­ни архитектонски стилови. Особено брзо се градени станбените згради за новодојден­ците, по 1948 година. Денес, таму се среќаваат куќи претежно од три до пет ката, а се чини кулата „Шалом“ е највисока меѓу градбите и штрчи во просторот.

Исто така, Тел Авив е голем културен и спортски центар. Во него со успех работи еден од светските симфониски оркестри, израелската филхармонија, како и познатиот теа­тар „Хабиман“. Меѓутоа, Музејот за еврејската дијаспора има посебно место во цело­куп­ното национално и културно живеење, не само на Тел Авив, туку  воопшто на Ев­реи­те во Израел и ширум светот.

Како нераскинлив дел од Тел Авив, на јужната страна  е сместен градот Јафа или Јафо. Во него живеат и Евреи и Арапи и тука се измешало и старото и новото, и библи­с­кото и современото. Таму ја посетивме католичката црква „Свети Петар“, каде апосто­лот ја ставил раката врз девојката Табита, која подоцна оживеала. Го посетивме стари­от дел на градот, во чија непосредна близина на црквата, се вгнездиле многу познати умет­ници и отвориле значајни галерии на улиците што ги носат имињата на зодијачки­те знаци.

Тел Авив, заедно со градовите Хаифа, Ерусалим и Тиберијада се познати во све­тот по режењето, брусењето и продажбата на дијаманти. Всушност, шеесет отсто од при­ходот на државата се остварува токму од дијамантите. А, брусењето на дијаманти­те е еден од најпознатите занаети на Евреите. Со оваа дејност тие почнале да се за­нимаваат уште од најстарите времиња, кога не биле сигурни каде ќе останат да живеат и каде ќе им биде нивната татковина.

103

Вредни дијаманти

Во честите прогонувања и преселби, тие постојано разми­слу­вале како да најдат нешто што ќе им обезбеди живеачка и лесно ќе се пренесува, за да не им прави проблем при честите преселби. Единствено решение им биле светлите сит­ни камења, што ги чувале како очите во главата и ги пренесувале криејќи ги во џебовите, во чо­рапите, во чевлите …

Еден грст дијаманти за нив претставувало цело богатство кое им ветувало сигурност и добра заработувачка каде и да се. Подоцна, почнале да го усовршуваат за­нае­тот со брусење и со украсување со други благородни руди и метали, по што и не слу­чајно денес Евреите се меѓу првите во брусењето на дијамантите. Во најпознатите гра­дови за дијаманти во Израел работат повеќе од 10.000 луѓе, брусачи на овие благородни камења. Исто така, таму се лоцирани најголемите преработувачки капацитети и, се раз­бира, големите центри за продажба на скапоцени предмети.

Ние го посетивме најголемиот и најпознатиот центар за дијаманти во Тел Авив, ка­де на лице место се запознавме со сјајот на овие скапоцени камења, како и со вештината на продажбата на предмети со дијаманти. Таму се уверивме дека Евреите мошне добро си го знаат сво­јот занает – брусењето на дијамантите и трговијата со нив.

При престојот во Тел Авив го забележавме големиот прогрес на тој регион, кој, по­крај дијамантите, нашироко е познат и по производството на разни земјоделски и дру­ги машини и алатки, по производството на пластични маси, како и по рафинирањето на нафтата. Исто така, во текот на престојот бевме информирани дека во Израел постојат пет термоелектрани, кои се поредени вдолж брегот на Средоземното Море. Неколку од нив ги видовме при нашето патување.

Меѓутоа, интересно е да се одбележи дека овие термоелектрани ја осветлуваат Светата земја, во која нема ни лопата камен јаг­лен, туку тој се носи од други земји. Имено, термоелектраните се поврзани една со дру­га преку системот преносни ленти, а со бродови се снабдуваат со јаглен кој се ра­спо­редува до електраните, од кои четирите активно работат, а една е секогаш во ре­зер­ва.

Се чини дека Израел има голем напредок не само во оваа сфера, туку и на многу други полиња, почнувајќи од земјоделството, науката и техниката, до култу­ра­та, литературата, религијата … Затоа, со право се вели дека еврејската држава Израел служи како при­мер за многу други земји и, не случајно е наречена земја на прогресот.

На почетокот од минатиот век, Евреите од Јафа, старото утврдување на морето, поради честите конфликти со Арапите со кои живееле, решиле да из- лезат од стариот град и крај брегот почнале да го градат Тел Авив. Денес Тел Авив е административен центар на Израел. Таму се наоѓаат сите странски амбасади, но, сепак, тоа не е главниот град на светата држава. Сетот не го признава Ерусалим за престолнина на Израел, иако таму е Кнесетот, израелскиот парламент, Владата и клучните министерства.

Најмоќните земји светиот град го сметаат за спорен, зашто Арапите имаат претензии кон Источен Ерусалим, каде што се мнозинство. Но Евреите немаат проблем со таквиот однос на Запад. Се плашат само доколку загубат дел од териториите каде што сега се Палестинците, да речеме Западниот брег, кој е под нивна окупација, може да им биде загрозена државата. За идентитетот не се плашат.

Продолжува

New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН