Финскиот МНР Пека Хависто на средба со Димитров

Министерот за надворешни работи на Република Финска Пека Хависто кој е во посета на земјава, денеска ќе има средба со неговиот колега министерот Никола Димитров.

Во МНР ќе се одржи билатерална средба меѓу делегациите на двете министертва по што е предвидена заедничка прес-конференција на министрите Димитров и Хависто.

Посетата се одржува во клучен период за европската иднина на нашата земја и во време кога Финска претседава со Советот на ЕУ.

Фокус на разговорите, како што се вели во соопштението од МНР, се очекува да биде ставен врз очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија, постигнувањата од домашната реформска агенда и напредокот во добрососедските односи, како и активностите и поддршката од страна на тековното финско претседателство, а во пресрет на октомврискиот Совет на ЕУ.